Орсел: Каматните стапки наскоро ќе почнат да штетат на профитабилноста

Извршниот директор на UniCredit SpA, Андреа Орсел, изјави дека зголемувањето на официјалните каматни стапки за европските банки наскоро ќе почне да претставува пречка за нивната профитабилност. Тоа ќе се случи бидејќи штедачите ќе почнат да бараат поголема камата на нивните депозити.

„Од вториот квартал оваа година ќе имаме спротивна ситуација, каде што стапките ќе растат помалку, но таканаречената стапка на PTR ќе се зголеми“, рече Орсел, пренесе Bloomberg Adria.

Најголемите европски банки забележаа квартален пад на нето приходите од камати во првите три месеци од оваа година, ставајќи крај на серијата од четири големи последователни скокови кои ја зголемија профитабилноста. Приходите од заеми, исто така, и помогнаа на UniCredit да го забележи својот најдобар прв квартал досега, овозможувајќи ѝ на банката да ја зголеми целта на профитот за целата година и да потврди една од најдарежливите исплати на инвеститорите во регионот.

Орсел рече дека стапката на PTR ќе се зголеми од 10 проценти на 40 проценти до крајот на годината, со што ќе им се придружи на другите банкарски лидери кои нагласуваат дека зголемената конкуренција ги принудува да понудат подобри услови. Германската компанија Commerzbank AG процени дека до крајот на годината ќе сподели една третина од својата заработка (преку стапки на депозити) со клиентите, во споредба со само 15 проценти во првиот квартал.

Орсел рече дека ќе бара уште еден мандат како извршен директор на банката кога ќе му истече првиот мандат следната година.

„Доколку таа одлука биде одобрена од инвеститорите и акционерите, јас секако сум за“, заклучи тој.