Осигурителен пазар – каде се наоѓа Македонија во однос на регионот

224

Пазарот на осигурување во централна и источна Европа има пад на бруто пресметаната премија од 3,8% во периодот јануари – јуни оваа година. Според анализата на Indikator.ba, пет пазари имаат позитивна динамика, а кај останатите е регистриран пад.

Бруто пресметката премија на пазарот на осигурување во централна и источна Европа за шест месеци од оваа година, изнесувала 19,11 милијарди евра, што е за 3,80% помалку во однос на истиот период лани.

Поради намалениот сообраќај заради ограничувања што ги донесе пандемијата, исплатата на штети за осигурување на возила е намалена за 8,5% на регионално ниво, на 10,03 милијарди евра.

Животното осигурување е најмногу погодено, но тоа не е во целост последица од пандемијата. Бруто пресметаната премија за животно осигурување изнесувала 5,82 милијарди евра или 8,547% помалку во однос на првите шест месеци од минатата година.

Бруто пресметаната премија во Македонија бележи пад од 1,7% и на крајот на јуни достигна вредност од 83 милиони евра.

Во Босна и Херцеговина падот на бруто пресметаната премија за шест месеци беше 4,29% на 46,36 милиони евра. Во Црна Гора нема некои позначителни промени на пазарот на осигурување, па во првите шест месеци од оваа година премијата беше 46,50 милиони евра, додека една година претходно 46,59 милиони евра.

Вредноста на премијата на српските осигурителни компании изнесуваше 475 милиони евра во првото полугодие од оваа, што е раст од 4% во однос на истиот период лани.

Словенечкиот осигурителен пазар, во периодот јануари – јуни оваа година, регистрира пораст од 4,2%на 1,4 милијарди евра. Кај животното осигурување има пораст од 1,8% на 381 милион евра, додека кај неживотното има зголемување од 5,2% на 993 милиони евра.

Фото: Freepik