Oсигурителната компанија Алијанц оствари рекордна добивка лани

22

Германската осигурителна компанија Алијанц минатата година оствари оперативна добивка од 14,2 милијарди евра, што е за шест отсто повеќе од претходната година и највисока досега.
Приходите исто така достигнаа рекордно ниво, пораснаа за 2,8 отсто на 152,7 милијарди евра, пренесува француската новинска агенција АФП.

Нето добивката на компанијата се зголеми за два отсто на 6,7 милијарди евра.

Како што појаснија, во сегментот на осигурување на недвижности и несреќи го искористиле растот на побарувачката и повисоките цени, додека во сегментот на животно осигурување бизнисот меѓу другото го зајакнал и со преземањето на полската осигурителна компанија Авива.

Полоши резултати постигна деловната единица која се занимава со управување со имот. Уште подобар вкупен профит беше спречен и со проблемите во САД, каде Алијанц сè уште е во спор со инвеститорите поради големите загуби за време на пандемијата на Ковид-19.

Фото: Facebook