Осигурителниот пазар во ЦИЕ надмина 10 милијарди евра

56

Седумнаесет пазари за осигурување во Централна и Источна Европа го затворија првиот квартал од 2021 година со вкупна бруто полисирана премија од 10,34 милијарди евра, што е за 4,66% повеќе од претходната година.

Само четири осигурителни пазари забележаа негативна динамика, а другите го затворија кварталот “во зелена боја“, според податоците коишто ги собра xprimm.com.

Во исто време, во текот на првиот квартал од 2021 година, осигурителите од Централна и Источна Европа платија вкупна штета и обештетување во износ од 5,46 милијарди евра, што е за 4,89% помалку од претходната година.

Сегментот за животно осигурување изнесуваше 3,09 милијарди евра, наспроти 2,97 милијарди евра во првиот квартал од 2020 година, додека класите за неживот заработија 7,24 милијарди евра во бруто премии (во споредба со 6,91 милијарди евра).

Најголеми регионални пазари на осигурување беа Полска (36,6% пазарен удел), потоа Чешка (16,5%) и Унгарија (9,6%).

Фото:Pixabay