Основачот на Алибаба купи акции од компанија на Стивен Спилберг

46

Corporate-Alibaba-CEO-Jack-Ma-580x387Кинескиот милијардер, Џек Ма, купи удел во компанијата на холивудскиот режисер Стивен Спилберг, пишува Hurriyet.

Alibaba Pictures, дел од конгломератот за онлајн трговија на Ма купи дел од акциите на Amblin Partners, компанија за снимање на филмови којашто ги вклучува DreamWorks студијата. Според договорот, компаниите заедно ќе финансираат и продуцираат филмови за кинеската и интернационалната публика. Alibaba Pictures, исто така, ќе биде дел од бордот на Amblin.

Партнерите ќе се фокусираат на човечки приказни коишто ќе послужат како мост помеѓу Кина и САД.

Договорот ќе овозможи пристап на компанијата на Спилберг до онлајн екосистемот на Alibaba и филмовите ќе бидат дистрибуирани преку платформата Youku Tudou слична на Youtube.