Основачот на Амазон продолжи да продава акции: За четири дена собра повеќе од 4 милијарди долари

Помалку од две недели откако го објави планот за продажба на 50 милиони акции од компанијата што ја основа, Џеф Безос продаде 24 милиони акции, во вкупна вредност од над четири милијарди долари. Продажбата, обелоденета во регулаторните документи, се случи во текот на само четири трговски дена.

Вториот најбогат човек во светот нема продадено акции од 2021 година, пренесува Biznis.rs.

Основачот на Amazon не објасни зошто токму сега се одлучил на овој потег, но навестува времето кога ја обелодени својата намера. На 2 ноември тој објави дека се сели во Мајами од областа Сиетл. Причината за ова лежи во фактот што државата Вашингтон воведе данок на капитална добивка од седум проценти во 2022 година – нешто што Флорида моментално го нема – што значи дека овој потег досега на Безос му заштеди 288 милиони долари.