Основачот на BioNTech верува дека Европа и САД до крајот на летото ќе стават под контрола Ковид-19

34

Угур Сахин, основач на германската компанија BioNTech, којшто заедно со американски Pfizer разви вакцина против коронавирусот, верува дека вирусот до крајот летото ќе биде ставен под контрола во поголемиот дел од европските земји и во САД.

Германците се многу нетрпеливи околу рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, а владите на земјите членки на Европската унија се критикувани поради бавниот процес на вакцинирање на населението и потешкотии во набавката на вакцините.

Сахин смета дека тие проблеми се привремени, дека може да се вакцинираат 70% од Германците до крајот на септември и дека вирусот веќе нема да претставува толку голем проблем.

“Во многу европски земји и во САД до крајот на летото веќе нема да има потреба од воведување на карантин“, вели Сахин за германските медиуми, додавајќи дека вирусот ќе биде присутен, но како “позадински шум“, којшто ќе има свои мутации, но нема да бидат сериозни.

Досега во Германија барем една доза од вакцината примија скоро 9% од жителите, а во Велика Британија е вакцинирано повеќе од 50% од населението.

Фото: Pexels