Основачот на Bransys Corporation на Startup Grind Скопје

52

sl

Како кулминација на настаните одржани годинава, организацискиот тим на Startup Grind Скопје најавува супер презентер, но и многу забава и интересни активности за учеснинците на настанот што ќе се одржи на 18 декември, петок, од 17.30 до­ 20.30 часот во P​ublic Room.

Главниот гостин спикер на настанот е Бранко Трајковски,­ сериски претприемач кој со своите бизнис размислувања е секогаш неколку чекори понапред од останатите. Тој е умот зад Bransys Corporation, во која влегуваат Bransys Macedonia, Bransys Serbia, Bransys USA, Vebit и Claxi. Иако има ред успешни бизниси зад себе, тој не престанува да иновира, за што е доказ последниот проект Claxi, мобилната апликација Uber за таксиси, кој им помага на корисниците да ја најдат оптималната такси понуда. Бранко ќе открие неколку интересни приказна и искуства од неговиот професионален живот: Како од IT geek до старт-ап основач и одличен менаџер? Како да го проширите бизнисот и да излезете на нови пазари? Колку долго треба да чекате пред да го вработите првиот човек? Како да продолжите да иновирате и кога имате „стабилен” бизнис?

Од Startup Grind Скопје најавуваат и неколку дополнителни активности:

  • бура на идеи;
  • вмрежување;
  • бесплатно пиво (или две) за секој учесник
  • плус, како поддржувачи на кампањата против возењето под дејство на алкохол, тие организираа безбедно возење до дома со Claxi. Секој учесник на настанот, ќе добие ваучер од 100 денари, кој може да го искористи за превоз преку Claxi.

Дополнително, за сите кои се уверени дека имаат супер старт-ап идеја, ќе има претставници од 40-милионскиот VC фонд South Central Ventures, кои со нетрпение очекуваат да ве запознаат.

Своето место на настанот можете да го резервирате преку Eventbrite по цена од 300 денари, која вклучува неколку часовна програма, кафе, пиво, дружба, нови пријателства, споделување на знаења, плус ваучер во износ од 100 денари од Claxi.