Основачот на Нетфликс се повлекува од функцијата извршен директор

48

Основачот на Нетфликс, Рид Хестингс, се повлекува од улогата на извршен директор, но ќе остане претседател, објави компанијата во четвртокот во извештајот за заработка, пренесува CNBC.

Коизвршниот директор Тед Сарандос ќе остане на својата позиција. Грег Питерс, до неодамна главен оперативен директор, ќе ја преземе функцијата ко-извршен директор на местото на Хестингс. Питерс исто така ќе се приклучи на одборот на компанијата.

– Сакам да му се заблагодарам на Рид за неговото визионерско лидерство, менторство и пријателство во последните 20 години. Сите научивме многу од неговата интелектуална строгост, чесност, искреност и подготвеност да преземе големи облози и со нетрпение очекуваме да работиме со него уште многу години, рече Сарандос во писмената изјава.

Хејстингс во четвртокот твитна дека планира да остане на функцијата извршен претседател „многу години што доаѓаат“.

Да потсетиме, проблемите предизвикани од економската состојба во светот не ја заобиколија ниту оваа платформа.