Основачот на Salesforce.com го купи магазинот Time за 190 милиони долари

19

Магазинот Time повторно добива нов сопственик, откако осум месеци беше во рацете на американската медиумска групација Meredith Corporation, пишува BBC.

Престижното списание преминува во сопствеништво на ко-основачот на Salesforce.com, Марк Бениоф, кој заедно со неговата жена го купија Time за 190 милиони долари.

Сопружниците, сепак нема да имаат удел во уредувачката политика, а зделката се очекува да биде комплетирана за еден месец, откако ќе добие регулаторно одобрување.

Бениоф покрај основач е претседател и главен извршен директор на компјутерската компанија Salesforce.com, којашто нуди облак услуги. За него и сопругата оваа зделка е од големо значење од причина што негувале огромна почит кон списанието и самиот долгогодишен медиумски бренд.

Според Forbes, Бениоф моментално вреди 6,7 милијарди долари.

Фото: Facebook