Основачот на Xiaomi доби бонус од речиси една милијарда долари

41

Леи Џун, основачот на кинеската компанија за електроника Xiaomi доби бонус од 963,2 милиони долари  пишува BBC.

Електронскиот гигант претходно изјави дека планира да му даде “награда“ на Џун за посветената осумгодишна работа во Xiaomi.

Основачот за возврат вети дека сумата ќе ја донира во добротворни цели, откако даноците ќе бидат одземени од пакетот за компензација. Сумата е блиску до онаа од 1,3 милијарди долари, колку што беше нето добивката на компанијата за минатата година.

Бонусот е во прилог на останатите исплати што Xiaomi ги направи за својот основач, вклучувајќи плата и дивиденда за коишто не беше споделена сумата.

Компанијата беше четврт најголем производител на смартфони лани, веднаш по Samsung, Apple и Huawei.

Фото: Pixabay