Основан првиот Ротари Интеракт клуб во Македонија

110

1

Во хотелот Холидеј Ин, вчера се одржа чартер церемонијата за формирање на првиот Интеракт клуб во Република Македонија под закрила на Ротари Интернешнл организацијата. Клубот е организиран при Меѓународното училиште НОВА, а спонзориран од Ротари клубот Камен Мост Скопје. Ротари клубот Камен Мост Скопје ја имаше честа да го спонзорира првиот Интеракт клуб, младински Ротари клуб во кој може да членуваат деца од 12 до 18 годишна возраст, на педесет годишнината од формирањето на првиот клуб во САД.

Основањето на Интеракт клубот го реализираше Ротари Клубот Камен Мост Скопје под водство на Илијанчо Гаговски, претседателот на клубот, Александра Дилевска, идниот претседател на клубот и Иван Новаковски, член на клубот и менаџер во Меѓународното училиште НОВА, a со целосна поддршка на членството на клубот.

Во самиот клуб членуваат 30-тина ученици од училиштето НОВА од кој дел се деца на членови на Ротари клубот Камен Мост Скопје. За прв претседател на клубот беше избрана Антоанета Гелевска, добитник на Ротаристипендијата за четиригодишно школување, доделена од Ротари клубот Камен Мост Скопје.

Фокусот на Интеракт клубот е насочен кон промовирање на правата на децата. Во досегашното едногодишно постоење клубот има интезивна соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид – Димитар Влахов, со кое имаат реализирано повеќе уметнички работилници, имаат донирано финансиски средства и членовите на клубот активно го имаат поминато своето време со децата од училиштето. Целта на Интеракт клубот е да ја продлабочи соработката со училиштето, а истовремено да ја прошири соработката со други организации. Во сите свои активности тие ќе бидат поддржани од членството на Ротари клубот Камен Мост Скопје.

3

2