Основан регионален комитет за трагање и спасување во воздухопловството

22

regionalen-komitet

Претставници на воздухопловните институции надлежни за трагање и спасување на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Унгарија и Словачка во Белград потпишаа Меморандум за разбирање за основање Регионален советодавен комитет за трагање и спасување во цивилното воздухопловство, пишува Aviatika.rs.

Целта на ова регионално тело ќе биде меѓусебна поддршка на земјите потписнички на Меморандумот. Тој ќе се однесува на “изградба и развој на капацитети за успешно трагање и спасување во воздухопловството“, односно поддршка при реализација ICAO и IMO стандардите во оваа област, размена на искуства преку заеднички анализи и планови, полесна комуникација преку размена на информации меѓу земјите на раководно и стручно ниво, но и поддршка во комуникација со медиумите.

Одлуките што ќе ги донесе телото на Регионалниот комитет нема да бидат обврзувачки за членовите и ќе имаат карактер на препораки, а Меморандумот за разбирање предвидува и ова тело да нема статус на меѓународен правен субјект.