Останува зимското сметање на времето

160

И покрај размислувањата за продолжување на летното сметање на времето, сепак Владата соопшти дека ќе дојде до поместување на стрелките од часовникот ноќта меѓу 29 и 30 октомври.

Овој викенд стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

-Нема промена во системот на сметање на времето, потврдиле од Владата и повеќе детали најавиле по завршување на владината седница.

Првичната идеја за менување или задржување на зимското сметање на времето дојде токму од „Илинденска“ бр. 2.