Само 14% од над милион вработени во Њујорк се вратиле на работа во своите канцеларии, со што се става под знак прашање егзистирањето на бројни продавници и мали бизниси на Менхетен.
“Ако не се вратат, ќе пропаднеме“, вели Кенет Меклур, потпретседател на Hospitality Holdings, чие бистро преку пандемијата беше место за средби на финансиери кои склучуваат договори за време на ручек и пијат коктели по напорниот ден на работа.
Hospitality Holdingsзатвори шест ресторани и барови на Менхетен, од кои два трајно, поради пандемијата што како да ја збриша “канцелариската култура“.
“Луѓето кои ви доаѓале три, четири, пет пати неделно скоро и да исчезнаа“, вели Меклур за AFP.
Преку забрзување на програмата за вакцинирање, корпорациите се обидуваат да најдат начин да ги вратат вработените назад во канцелариите, откако скоро цела година работат од дома.
Бројни истражувања, меѓу кои и она на PricewaterhouseCoopers, покажуваат дека работата од дома е скоро идеален начин на функционирање и одржување на бизнисите во услови на пандемијата. Сепак, висок е процентот на вработени кои се надеваат дека и покрај сè канцелариите нема да паднат во целосен заборав.
Експертите сметаат дека компаниите треба да ги реорганизираат канцелариите од простор во којшто вработените ги извршуваат истите задачи што би ги правеле од дома, во простор што е погоден за поттикнување на креативност, учење, заедничко дружење, одржување конструктивни и кратки, а не долги и здодевни состаноци.
Фото: Freepik