Остар пад на цената на биткоинот

Биткоинот изгуби една петтина од својата вредност во саботата и продадени се речиси илјада милијарди долари од сите криптовалути.

Се чини дека сè е поттикнато од макроекономската несигурност поради неизвесноста за омикрон варијантата на Ковид-19, а кога продажбата одеднаш започна, се појави лавина од продажба во желбата на инвеститорите да профитираат од историскиот раст на криптовалутата.

Во еден момент вредноста падна на 46.583 долари за биткоин. Во однос на историската висока вредност од 10.11. оваа година, кога со биткоин се тргуваше за повеќе од 69.000 долари во еден момент, неговата вредност падна за една третина.

Врз основа на платформата за податоци за криптовалути Coingecko, пазарната капитализација на 11.392 видови криптовалути што ги следи падна за речиси 15%, на 2,34 илјади милијарди долари.

Таа вредност накратко надмина 3 илјади милијарди долари минатиот месец, кога биткоинот достигна рекордни 69.000 долари.

Под пазарна капитализација на криптовалутите се подразбира вкупната вредност на сите видови криптовалути изразена во долари, односно вкупниот износ на сите криптовалути помножен со цената во долари за секоја криптовалута.

Вчера, биткоинот се стабилизира на 48.000-49.000 долари. Утрово биткоинот се тргува по цена од 48.117 долари.

Етер, втората по големина дигитална валута во околу 15.000 криптовалути, изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност за 24 часа. Валутата се тргуваше за 3.525 долари во саботата, пред малку да закрепне и повторно да се зголеми на нешто повеќе од 4.200 долари во неделата. Утрово се тргува по цена од 4.074 долари.