Остар пад на економската активност во еврозоната во ноември

25

Економската активност во еврозоната забележа остар пад овој месец, поради повторното воведување на рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, покажува истражувањето на компанијата IHS Markit.

Композитниот индекс на менаџерите за набавка во евро зоната на Markit, којшто се смета за доверлив показател, во ноември се намалил на 45,1 поен од октомвриското ниво од 50 поени, односно на гранична линија што го одвојува растот од падот на економскатаактивност.

“Овие податоци ја зголемуваат веројатноста дека бруто домашниот производ на еврозоната ќе забележи пад во последниот квартал“, изјави Крис Вилијамсон, главен економист во IHS Markit.

Економијата на 19-те земји членки е на пат да забележи прва двојна рецесија во последната декада, пишува Ројтерс.

Индексот во услужниот сектор се намали на 41,3 поени овој месец од 46,9 поени во октомври, што е најслаб резултат од првиот бран на пандемијата, кога исто така имаше негативен рекорд.

Бидејќи побарувачката се намали, фирмите го намалија бројот на вработени. Од друга страна, производството помина подобро бидејќи многу фабрики останаа отворени.

Фото: Freepik