Остар пад на извозот на шкотско виски во 2023 година

Извозот на шкотско виски  се намали нагло во 2023 година под притисок на високите трошоци за живот, објави здружението на производители.
Вредноста на извозот се намали минатата година за 9,5 отсто, на 5,6 милијарди фунти (7,0 милијарди долари), проценува здружението.
Обемот на извозот падна уште посилно, за цели 22 отсто.

Секторот се соочува со криза на трошоците за живот ширум светот, која ги погодува потрошувачката и акциите, објави здружението во четвртокот.

Вредноста на извозот на клучниот американски пазар се намали за околу седум отсто, на 978 милиони фунти. Продажбата во Германија падна за два отсто, на 197 милиони фунти.

Минатата година, извозот и понатаму беше за 14 отсто поголем во однос на претпандемиската 2019 година. Шкотските производители ја преминаа границата од шест милијарди фунти за прв пат во 2022 година.