Oстар пад на продажбата на Mercedes Benz во вториот квартал

77

Продажбата на Mercedes-Benz нагло падна во вториот квартал поради проблемите со снабдувањето и пандемиските ограничувања во Кина, објави германскиот производител во понеделникот.
Во периодот од април до јуни компанијата испорача 490 илјади патнички автомобили, за 16 отсто помалку од истиот период лани.

Во Азија, продажбата падна за една петтина, главно поради заклучувањето. Во Европа е намален за 10 отсто, а во Северна Америка за три отсто.

Побарувачката останува силна во категоријата на луксузни модели, како што се електричните автомобили Maybach и EQ серијата, според Mercedes Benz.