Остар пад на профитот на американската компанија Dell

31

Dell-HeadquartersВо второто тримесејче од годинава нето профитот на американската компанија Dell, споредено со истиот период лани се намалил за 72%, соопштуваат од компанијата.

Профитот на третиот најголем произведувач на персонални компјутери во светот, во второто финансиско тримесечје (од  1 октомври до 30 септември) бил 204 милиони долари. Година дена претходно таа сума изнесувала 732 милиони долари, пренесува весникот Wall Stree Journal.

Според мислењето на експертите падот на профитот се должи на намалениот интерес за персонални  компјутери, во време кога мобилните уреди како iPhone, заземаат се поголема попуаларност.

Токму поради тоа трошоците на Dell се зголемени. Особено поради тоа што компанијата вложи значајни средства за развој на програма и технологија за планираната трансформација во областа на корпоративните услуги и сметки.

На почетокот на овој месец, управниот одбор на компанијата ја прифати понудата на конзорциумот на инвеститори на чело со основачот на Dell, Мајкл Дел.

Суштината на понудата е компанијата на конзорциумот да му ги продаде сите свои акции по цена од 13,75 долари од акција. Гласањето на акционереите по предлогот на Dell е закажано за 12 септември.