Оставки на членови на Надзорниот одбор на Меркатор

19

agrokor merkator

Откако поради промена на сопственоста од Надзорниот одбор на Меркатор замина Бојан Бранк, тоа го направиле и Матеј Лаховник, Рок Розман, Борис Галиќ, Зденко Подлесник и Маргарет Зевник.

Тие својот мандат ќе го окончаат на 28 август, кога се очекува Агрокор на редовната седница на Собранието на акционери да именува свои претставници во Надзорниот одбор на словенечкиот трговски синџир.

Се очекува Матеј Лаховник, во духот на континуитетот, уште некое време да го води Надзорниот одбор на Меркатор. Самиот потврди дека е подготвен да продолжи да работи во Меркатор, без оглед на тоа дали новиот сопственик ќе го бара тоа од него, јавува порталот Seebiz.

За потсетување, на крајот на минатиот месец хрватски Агрокор и официјално стана мнозински сопственик на словенечки Меркатор. Со оваа аквизиција се создаде малопродажен гигант што вработува 64.000 лица, со мрежа од 3.500 продажни објекти во девет држави и седум милијарди евра годишен приход.