Островот Света Анастасија подготвен за првите туристи

67

sv. anastasija

Островот Света Анастасија што се наоѓа до Бургас, првиот остров – атракција во Бугарија, од 15 мај ќе биде отворен за првите туристи. Туристите ќе се носат три пати дневно до островот со брод, додека да биде завршен катамаранот, пишува news.bg.

На островот веќе работат музејот, 3D изложба и ресторан со оригинални бургаски рецепти за риба и морски плодови. На островот ќе може и да се преспива. Патувањето до Св. Анастасија е околу 30 минути, а повратен билет ќе чини 4,5 евра.