Иан Пауел е косопственик на американската компанија Kilter Grips, што се занимава со производство на вештачки карпи за качување.
Пауел порано бил дел од американскиот национален тим на алпинисти, но до 2010 година преживеал вистинска животна драма како зависник од дрога и бездомник. Пауел е роден во 1971 година во Атланта, а за себе знае дека уште од мали нозе сакал да се искачува по вештачки карпи.
“Сакав да бидам натпреварувам, но не ми беше пишано да живеам како професионалец. Сепак, сакав да бидам дел од индустријата, па решив да направам нешто друго“, вели Пауел за BBC.
Откако поминал една година во затвор, Пауел реши повторно да си ја проба среќата. Добил повик од негов пријател кој работел во спортска сала, кој одлучил да му даде шанса.
Денес, неговата Kilter Grips има годишни приходи од продажба во висина од 2,5 милиони долари. Пауел ја води компанијата заедно со неговата девојка.
Фото: Pixabay