Осум мали работи според кои луѓето го оценуваат вашиот карактер

31

cevli

Фото: Pixabay

Секој човек формира свој впечаток за личноста што ја сретнува за прв пат. Постојат многу работи што можат да го издадат вашиот карактер, но според експертите овие осум нешта се клучни за донесување на суд.

Начинот на којшто се ракувате

Цврстиот стисок на раката оддава впечаток на силна личност, полна со самодоверба. Од друга страна пак, слабиот стисок покажува дека се работи за мирна, тивка личност врз која лесно може да се влијае.

Колку сте “точни”

Организираните и проактивни луѓе доаѓаат на време, додека оние што доцнат добиваат епитет на мрзеливи и несериозни.

Вашиот ракопис

Графолозите велат дека големите букви се одлика на ракописот на екстровертни личности. Спротивно на тоа, малите букви се поврзуваат со срамежлива личност.

Омилената боја

Љубителите на црвената боја се храбри личности што не дозволуваат случувањата да ги извадат од колосек, додека оние што ја сакаат на пример жолатата боја се оптимисти и се радуваат и на малите работи.

Дали (не)воспоставувате контакт со очи

Луѓето кои се сигурни во себе и немаат проблем со комуникацијата ги гледаат соговорниците во очи и и не го повлекуваат погледот подолго време.

Кое е вашето омилено домашно милениче

Оние што преферираат кучиња се сметаат за енергични личности, а тие што повеќе ги сакаат мачките се чувствителни и паметни личности.

Начинот на којшто поставувате прашања

Прашањата што ги поставувате и начинот на којшто тоа го правите открива колку давате од себе и колку сте желни да “земете” од другите луѓе.

Дали ги грицкате ноктите

Психолозите велат дека тие што ги грицкаат ноктите, си играат со косата или несвесно чепкаат по кожата се нетрпеливи и анксиозни личности.