Осум необврзувачки понуди за Телеком Словеније, понудата на Deutsche Telekom не е највисока

3

telekom slovenije

Необврзувачки понуди за преземање на Телоком Словеније до предвидениот рок предале осум заинтересирани компании – руски МТС, турски Turkcell, германски Deutsche Telekom и финансиските фондови Apollo Global Management, Cinven, CVC Capital Partners, PPF Group, Apax, Bain Capital и Providence Equity Partners. Иако во последните неколку месеци како фаворит се наведуваше германскиот оператор, Deutsche Telekom не понудил највисока цена, пишуваат словенечките медиуми.

Според Финанце, највисока ценовна понуда предале фондовите Bain Capital и Providence Equity Partners, меѓу 150 и 160 евра за акција, додека Deutsche Telekom понудил 140 евра.

Според Дневник, државата смета дека акциите на Телеком Словеније треба да бидат продадени по цена од околу 200 евра по акција.

Обврзувачките понуди треба да бидат предадени во втората половина на јули.

Словенечкиот премиер во заминување Аленка Братушек вчера најави можно стопирање на процесот на приватизација за сите државни фирми кои се во постапка на продажба, се додека не биде формирана новата влада по изборите што треба да се одржат на 13 јули.