Осум работи што не смеете да ги правите на работното место

33

rabota

Фото: Pixabay

Доколку сте нови на работното место, ова ви е прво вработување, но и ако сте веќе подолго време во компанијата не е лошо да се запознаете/потсетите на оние работи што не смеете да ги правите во канцеларијата.

Ако на никаков начин не ви сметаат во работата, немојте да се жалите на туѓите лоши работни навики. Тоа не е добар предуслов за коректни колегијални односи.

Никој друг освен вие самите не може да ги реши проблемите на работното место. Понекогаш ќе имате конфликти со колегите за коишто ќе мора сами да најдете решение.

Инвентарот во канцеларијата треба да го чувате како да е лично ваш и не се дозволени изнесувања на било каков канцелариски материјал надвор од работното место.

Колку и да е вашиот тим на работа е опуштен и секогаш спремен за шега, пред претпоставените и клиентите односот треба да биде професионален.

Постојано користење на социјалните мрежи додека тече работното време не е пожелно. На тој начин ќе изгледа како да не работите ништо.

Ова важи и за користење на телефоните за приватни работи. Воздржете се од јавувања и пишување пораки доколку не се итни. Иако не изгледа така, некој сигурно надгледува што се случува во канцеларијата.

Вашите приватни проблеми не треба да ги знаат сите во канцеларијата. Не треба да ги прераскажувате ни вечерните излегувања. Ако сакате да разговарате на тие теми, почекајте да заврши работниот ден.

Доколку треба да работите во тим, тогаш играјте според правилата. Не ја отежнувајте својата и работата на останатите. Сите имате иста цел и трудете се заедно за да ја остварите.