Осум трикови за луѓето повеќе да ви веруваат

37

foto

Фото: Pexels

Ако сакате да стекнете доверба кај луѓето, трудете се да ги примените следниве осум трикови.

Смејте се, искрено

Иако ова е очигледно и сите ја знаат моќта на насмевката, повеќето луѓе го лажираат своето смеење, а тоа не поминува незабележано. Ако не се смеете со очите, ако не ги покажете забите и мускулите на лицето не ја променат својата форма, нема да влеете доверба кај никого.

Практикувајте наклон нанапред

Ова се однесува најмногу на вашата положба на телото додека седите. Ако правите благ наклон кон човекот со кого зборувате, ќе покажете дека сте заинтересирани за разговорот и сакате да се вклучите. Луѓето сакаат кога некој е заинтересиран за нив, тоа им влева дополнителна доверба да го кажат она што го мислат.

Поглед во очи

Кога не ги гледате во очи, луѓето автоматски помислуваат дека се обидувате нешто да скриете од нив или дека не сте сигурни во тоа што го кажувате. Внимавајте на овој детал којшто е клучен во многу разговори на било какво ниво. Покажете дека ја зборувате вистината, верувате во себе и дека го почитувате соговорникот.

Климање со главата

Потврдното климање со главата е знак дека се согласувате со зборовите на човекот пред вас, а секој го сака тоа. Ако на ниеден начин не давате до знаење дека мислите исто како соговорникот, ќе предизвикате сомнеж.

Нозете свртени кон соговорникот

Ако нозете ви се насочени кон човекот со кој зборувате, покажувате дека тој/таа го има целото ваше внимание. Ништо не охрабрува повеќе од тоа некој внимателно да ве следи додека зборувате и со мислите и со говорот на телото. Ако стапалата ви се свртени во друга насока, соговорникот ќе помисли дека сакате што побрзо да отидете на друго место, дека не сте заинтересирани или дека ви е здодевно.

Дланките на видно место

Не сакате некој да помисли дека криете нешто или уште полошо, дека лажете. Затоа дланките треба секогаш да ви се гледаат, значи никако во џеб или зад грб. Прекрстени раце исто така имаат негативен ефект ако сакате да добиете нечија доверба. Така изгледате како да сте затворени за нови идеи. Одбегнувајте позиции на телото во коишто изгледате дефанзивно.

Не бидете здрвени

За луѓето што се згрчени за време на разговор важи мислењето дека во секој момент сакаат да побегнат од ситуацијата во којашто се наоѓаат. Никој не би му поверувал на соговорник што не покажува никакви емоции, или како што се вели, не помрднува со малиот прст. Не е во ред и премногу да мрдате, да менувате постојано положба на раце, нозе, глава… Луѓето најмногу им веруваат на оние што изгледаат опуштени за време на разговор и се однесуваат природно.

Имитирајте го нивниот говор на телото

Кога зборувате со некого, трудете се на суптилен начин да го имитирате нивниот говор на телото, емоциите, гестовите и изразот на лицето. Докажано е дека тоа им се допаѓа на луѓето и влева доверба. Не треба целосно да се внесете во имитирањето и да не слушате што ви зборуваат, но сепак најдете начин да го правите тоа што соговорникот го прави и ќе наидете на позитивно мислење.