Осум вистини што и паметните луѓе ги забораваат

31

covek

Фото: Pexels

Мало потсетувања на важни работи што и оние најпаметните често се случува да ги заборават.

Образованието и интелигенцијата се две различни работи

Можете да бидете исклучително образовани луѓе, да поседувате огромно знаење, но да не направите ништо со тоа. Или како што вели Inc., може да започнете од нула и со страст и посветеност да станете успешна личност. Образованите луѓе не секогаш ја поседуваат онаа интелигенција што е потребна да се има успешен и среќен живот.

Болката може да биде и позитивна

Болката, тагата и разочарувањето се нераскинлив дел од развојот и учењето. Токму тие нè учат како треба да постапиме во иднина и каква личност сме. Денешната болка ни дава сила за утрешниот ден.

Вие го контролирате вашиот живот

Дури и кога работите за некој друг и имате неколку претпоставени над вас, вие и само вие управувате со вашиот живот. Со сето она што го правите и учите, инвестирате во сопствената личност и секојдневно се “продавате” со вашето однесување пред другите.

Малите очекувања нè штитат

Ако не очекувате многу, нема ни многу да се разочарате. Подобро е да научите да ги прифаќате работите онакви какви што се, отколку да имате нереални очекувања. Животот понекогаш може да ве изненади.

Проблемот може да лежи во вас

Секој од нас понекогаш се сретнува со тешка и проблематична личност. Но, ако постојано имате проблеми со вашиот партнер, колегите, клиентите, соработниците… можеби треба да го побарате проблемот во вас.

Добро е да се има високи стандарди

Секогаш ќе се најде некој да ви каже дека ако го изберете полесниот/поевтиниот начин или ако манипулирате и заобиколувате имате поголеми шанси да напредувате. Тоа не е баш така и кога тогаш таквиот став ќе се покаже како неточен. Затоа, одржувајте ги вашите високи стандарди и не дозволувајте некој неповикан да ви каже како да постапите.

Негативноста е токсична

Негативните мисли можат да нè обземат многу брзо и да ни ја уништат вербата и силата, но само ако им дозволиме. Ако научите на работите да гледате позитивно, негативноста нема да може да ве надвладее, а тогаш работите, какви и да се, се решаваат многу поефикасно.

Никогаш нема да бидете целосно подготвени

Најчесто луѓето сакаат да почекаат додека не дојде вистинското време. Сепак, за најмногу работи во животот не постои вистинско време и тоа никогаш нема да дојде. Ако сакате нешто да направите, креирајте план, подгответе се и тргнете напред.