Осумте улоги на добриот тим лидер

30

lider-3-pixabay

Фото: Pixabay

1. Создадете позитивна работна атмосфера. Вие сте одговорни за воспоставување, одржување и менување на работното темпо, затоа секогаш охрабрувајте позитивни вибрации.

2. Поставете јасни очекувања. Кажете им на луѓето што очекувате, кога го очекувате и како, во спротивно вашиот ден ќе биде исполнет со неочекувани прашања од типот “Тоа беше се за денес?”. Нејасни очекувања можат да доведат до напната атмосфера и фрустрации.

3. Давајте јасни упатства. Не ги премолчувајте работите. Случувањата во процесот нека бидат на виделина.

4. Внесете ентузијазам. Тоа ќе ги “зарази” и другите и ќе создаде одлична работна атмосфера.

5. Секогаш покажувајте самодоверба. Верувајте во вашиот производ, услуга… верувајте во себе. Тогаш другите со задоволство ќе ве следат.

6. Обезбедете ги потребните ресурси. Бидете сигурни дека членовите на тимот можат да дојдат до вистинската информација или луѓе за да ја завршат работата како што треба.

7. Не заборавајте на тренингот. Тимот треба да ги има потребните вештини и информации за да може да го искористи својот потенцијал во целост. Со тоа тие ќе бидат посамоуверени и поспособни во извршувањето на работните задачи.

8. Обезбедете повратни информации. Со тоа што тимот ќе има увид во сработеното и ќе знае дали добро ги извршува задачите, ќе придонесе многу во елиминирањето на проблемите и нејасностите.