Освежениот Q7 ја надополнува линијата и со plug-in хибридни верзии

71

Ревидираниот Audi Q7 не само што го приближува SUV моделот на марката во согласност со остатокот од опсегот во однос на дизајнот, тој воведува и нов plug-in хибриден погон понуден во два излезни моќност: Q7 55 TFSIe и Q7 60 TFSIe.

Под капакот, електрифицираната верзија располага со 3,0 литарскиот турбо V6 TFSI мотор, којшто обезбедува моќност од 335 коњски сили и вртежен момент од 450 Nm. Благодарение на електричната единица, системската моќност кај Q7 55 TFSIe расте на 375 коњски сили и 600 Nm, а истата кај Q7 60 TFSIe изнесува 450 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Електричниот мотор е интегриран во куќиштето на осум-степениот автоматски менувач, додека потребната енергија ја обезбедува течно-ладениот 17,3 kWh литиум-јонски батериски пакет. Компанијата тврди дека вата plug-in хибридни модели нудат чист електричен возен опсег од 43 километри според WLTP циклусот.

Што се однесува на перформансите, Audi Q7 60 TFSIe до 100 km/h забрзува за 5,7 секунди пред да достигне максимална брзина од 250 km/h, а спринтот кај 55 TFSIe е за 5,9 секунди. Во електричен режим, SUV моделот може да достигне брзина до 135 km/h. Во поглед на потрошувачката, комбинираната потрошувачка е проценета на 3 l/100km, со CO2 емисија помеѓу 64 и 69 g/km.

Audi инаку планира да лансира минимум пет нови plug-in хибридни модели во Европа до крајот на оваа година, вклучувајќи ги Q7, Q5, A8, A6 и A7 Sportback.

Преземено од Avtoplus.mk