Многу компании прават заеднички фотографии од вработените. Но затоа што маркетинг агенциите се опседнати од тоа како изгледаат, тие се трудат малку повеќе кога треба преку фотографија да се прикаже тимот. Еве неколку откачени и прекрасни фотографии од сопствениците, директорите и вработените во големи маркетинг агенции што ги објави Бизнис Инсајдер:
Venables Bell & Partners искористија специјални ефекти за групната фотографија на која се наоѓаат (од лево) Пол Биркс Хеј, директор, Боб Молино, основач и претседател, Пол Венебелс, сопственик и извршен креативен директор, Луси Фареј Џоунс, партнер и директор за стратегија, Вил Мекгинис, извршен креативен директор.
David&Goliath се фотографираа на покривот на зградата во Лос Анџелес во која е сместана агенцијата.
Бред Хал е уметнички директор во Disney.
Essence е дигитална агенција. На фотографијата се извршниот директор Мат Исак, ИТ директорот Едни Бонсал и директорот за финансии Марк Нанкароу.
Тимот на Bromley, Сан Антонио, Тексас.
Red Tettemer + Partners
Mekanism се одлучија за фотографија како постер за филм.
Тимот на At Mono ја направи оваа фотографија за Movember, движење/фонд за рак на простата.
The VIA Agency. Во средината е главниот креативец Грег Смит.
Тимот на SelectNY во Лос Анџелес направи коктел забава фотографија, инспирирана од популарната серија за маркетингот во 60-те, Mad Men.