Откачено: Дел од прашањата на интервјуата за работа на Wall Street

126

vratovrska-pexels

Фото: Pexels

Дали станува збор за добра HR стратегија или само добра смисла за хумор, проценете сами.

И, ако имате соодветен одговор на некое од овие 10 прашања, слободно споделете го со нас.

1. Aко треба да одберете песна што ќе го опише вашиот живот, која би била таа?

2. Кои се подобри менаџери… жените или мажите? (мора да се одбере, одговорите од типот “зависи” не се дозволени)

3. Замислете дека сте зајак и стоите пред седум скалила кои треба да се искачат. Можете да скокате по едно, или по две скалила истовремено. Колку вкупно различни комбинации можат да се направат за да се искачат тие седум скалила? (пример: едно, две, две, едно, едно)

4. Колку вкупно луѓе се раѓаат во САД секоја година?

5. Сопственик сте на осигурителна компанија, која има само еден тип на полиса. Тоа е полиса за осигурување на дом и истата ја поседуваат пет домаќинства. Тие плаќаат месечно за осигурувањето. Полисата е таква што вториот осигуран дом е оштетен и само тој сопственик ги добива парите. Дали би сакале куќите да бидат во различни држави или сите во една држава и зошто?

6. Раскажете случка кога сте купиле нешто евтино.

7. Ако ви дадам понуда која важи само во наредните 30 секунди, дали би ја прифатиле?

8. Кој филмски лик мислите дека сте?

9. Кој е најлошиот извршен директор и зошто?

10. Каде ќе го инвестирате вашиот растечки долар денес, ако не можете да купите акции?

А вие мислевте дека вашите прашања се лоши.