Откажан меѓународниот саем за автомобили во Женева – ќе се одржи во Доха следната година

60

Меѓународниот автомобилски саем во Женева, кој беше планиран за февруари, е откажан и ќе се одржи во Доха, главниот град на Катар, соопштија организаторите на настанот.

„Поради глобалните економски и геополитички неизвесности, како и ризиците поврзани со развојот на пандемијата, организаторите одлучија да се фокусираат исклучиво на планирање на настанот во Доха во 2023 година“, Морис Туретини, шефот на фондацијата што го организира овој автомобилски саем, се вели во соопштението.

Оваа одлука организаторите ја донеле на состанокот одржан во четвртокот во Берн.

Фото: Facebook