Откриените резерви на гас во Турција доволни за следните 30 години

81

Резервите на гас во Црното Море што ги откри Турција би можеле да ги покријат потребите на земјата во следните 30 години, изјави денеска турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, додавајќи дека изградбата на фабриката за преработка на гас е речиси завршена.

„Очекуваме првата фаза од производството на гас во Црното Море да започне во март“, изјави Донмез за каналот ТВНЕТ.

Тој посочи дека сегашните резерви на гас во Црното Море ги покриваат потребите на Турција за следните 30 години, а со новоистражените наоѓалишта тој период ќе биде уште подолг.