Откриено најголемото наоѓалиште на злато во светот

Геолозите во кинеската провинција Хунан открија едно од најголемите наоѓалишта на злато досега. Станува збор за „суперџиновско“ рудно тело под полето Вангу во округот Пингѓанг.

Се проценува дека содржи околу 1.100 тони злато, во вредност од приближно 83 милијарди долари.

Според државните медиуми, откриени се повеќе од 40 златни жили кои се протегаат до 3.000 метри длабочина, додека 3Д моделите покажуваат дека златната маса може да се спушти до 9.800 стапки (околу 3 км).

Кина е веќе најголемиот производител на злато во светот, со околу 10 проценти од светското производство, но исто така и најголем потрошувач и увозник – троши три пати повеќе отколку што произведува.