Откриено наоѓалиште на гас во Египет

100

Италијанската енергетска компанија „Ени“ го објави откривањето на новото поле за гас во море во Египет кај истражувачкиот бунар Наргис 1.

Изворот се наоѓа областа Наргис во источното Средоземно Море, соопшти компанијата во неделата.

Обемот на резервите во бунарот се проценува, соопшти египетскиот државен EGAS, додавајќи дека ќе работи со Шеврон и другите партнери за да започне производството што е можно поскоро.

Египет најмногу извезувал во Европа
Египет има околу 2,21 трилиони кубни метри докажани резерви на гас и има произведено над 95 милијарди кубни метри во 2021 година.

Во изминатите осум години оваа африканска земја го зголеми производството на гас за 66%. Во 2022 година, Египет извезол околу 22 милиони кубни метри течен природен гас, од кои најголемиот дел отишол во Европа.

Минатата година ЕУ потпиша договор со Египет и Израел за зголемување на увозот на енергија од источниот Медитеран со цел да се намали зависноста од Русија и да се овозможи повеќе западни компании да се вклучат во истражувањето на гас во регионот.