Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,0%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 16,5%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: житата, градинарските растенија, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млечните производи и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во април и мај, додека во јуни е забележано зголемување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.