Откупот и продажбата на земјоделски производи во пораст за 4,3%

36

Државниот завод за статистика излезе со падотоци дека, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври оваа година изнесува 1.136.543 илјади денари, што претставува зголемување за 4,3% во споредба со истиот месец минатата година.

Податоците велат дека вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 89,1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 32,5%.

Порастот на вкупниот откуп и продажба е забележан кај следниве земјоделски производи: градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото, млечните производи и рибата. Намалување пак е забележано кај: житата, индустриските растенија, овошјето и живината и јајцата.