Откупувачите се подготвени да ги преземат договорените количини тутун

14

Откупувачите се подготвени да ги преземат договорените количини на тутун, беше денеска потврдено на средбата меѓу тутунопроизводителите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

“Оваа година очекуваме 25 милиони килограми тутун или околу 17% помалку од ланските 31 милион. Квалитетот е послаб поради неповолните временски услови, но верувам дека при откупот ќе се испочитува Правилникот за проценка“, изјави претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунарите, Данчо Милески.

Владата, како што рече министерот Цветкови, донесе измени на Законот за тутун кои предвидуваат од идната година да се воведе електронско евидентирање на површините и откупените количини.

Денешната средба беше една од најавените редовни пред претстојниот откуп што законски почнува најдоцна до 15 декември.