Отплатил долг од 29.000 долари, а заштедил 100.000 долари, поради овие книги

355

Тод Кунсман, основач на блогот за лични финансии Invested Wallet, во 2014 година  имал 29.000 долари долг и работел работа на која заработувал помалку од 36.000 долари годишно.

Одлучил да ја подобри својата финансиска ситуација, едуцирајќи се за теми поврзани со инвестирање и управување со пари. Како што вели секоја недела посветувал околу два часа за учење за лични финансии.

“Додека читав, издвојував клучни делови и правев белешки на телефон. Денес може да кажам дека благодарение на овие книги отплатив долг и заштедив повеќе од 100.000 долари“, вели Кунсман, а ова се неговите препораки.

I Will Teach You to Be Rich

Оваа книга е бестселер на Њујорк Тајмс и чини скоро 10 долари.

The Simple Path to Wealth

Авторот на книгата вели дека ја напишал за својата ќерка, а се фокусира на долгови како и тргување на берза. Исто така чини околу 10 долари.

The Millionaire Next Door: The Surprising Secrets of America’s Wealthy

Оваа книга открива седум навики кои ги повторуваат богатите луѓе. Чини 10 долари.

Your Money or Your Life

Книгата има три автори и говори за тоа како да се ослободите од долгот, реорганизирате приоритетите. Чини околу 15 долари.

Money Master the Game: 7 Simple Steps to Financial Freedom

Оваа книга содржи пораки извлечени од интервјуа со инвеститорот Ворен Бафет. Автор е Тим Робинс кој ја креира програмата од седум чекора за преземање на контролата над личните финансии.

Фото: Pixabay