Отпорност на конкуренцијата: „Тесла“ успева да расте покрај силните кинески брендови

Продажбата на електрични возила (EV) на компанијата „Тесла“ произведени во Кина се зголеми во мај за 39,4 проценти на годишна основа.

Ова претставува седми месец по ред на раст и ја потврдува отпорноста на американскиот производител на сè посилната конкуренција на домашните кинески брендови, објавува Ројтерс.

Според податоците од Кинеската асоцијација на производители на патнички автомобили (CPCA), фабриката на Тесла во Шангај испорача 85.982 возила Модел 3 и Y во мај, вклучувајќи ги и автомобилите наменети за извоз, што е за 8,2 проценти повеќе отколку во април.