Отворање на Ски – центарот „Попова Шапка“ – утре и задутре се бесплатни денови за скијање и користење на ски – лифтовите

Скијачката сезона во Ски – центарот „Попова Шапка“ ќе се отвори на 15-ти декември 2021 година (среда), со почеток во 9:00 часот. Среда и четврток се бесплатни денови за скијање и користење на ски – лифтовите и жичниците во Ски – центарот.

Ски – центарот ќе работи од 9:00 до 15:30.

На денот на отворањето, во функција ќе бидат ставени:

– Шестоседата жичница.

– Ски – лифтот „Ајдучка рамнина 1“ – ГЕ.

– Ски – лифтот „Бабин Извор“ – Аеродром.

– Ски – лифтот „Поток 1“ – Тететкс.

– Ски – лифтот „Поток 2“ – Тететкс.

– Двоседа жичница „Св. Илија“.

– Двоседа жичница „Син врв“ – Церипашина.

Во текот на сезоната ќе биде ставен во функција и ски – лифтот „Ајдучка рамнина 2“ – ГЕ.

Првпат оваа година, ски – сезоната се отвора откако Шар Планина е прогласена за Национален Парк. Во чест на горенаведеното, на истиот ден, 15.12.2021 година ќе се одржи и свечениот настан „ШАРСКА БЕЛИНА – ШАРСКА УБАВИНА“, со почеток во 11 часот, на паркингот над хотел „Славија“ во Ски – центарот „Попова Шапка“. Свечениот настан е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за економија, во соработка со „ЕЛЕМ ТУРС“. Покрај означување на почетокот на скијачката сезона, за првпат откако Шар Планина е прогласена за Национален Парк, на свечениот настан ќе биде промовиран Планот за управување со Националниот Парк Шар Планина.

Менаџерскиот тим предводен од  Управителот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу изминатиов период интензивно работеа на модернизација на Ски – центарот „Попова Шапка“ и првпат после 30 години се преземаат активности за подобрување на условите и можностите во Ски – центарот.

Претстојната сезона е решено прашањето за паркиранг за посетителите на Ски-центарот “Попова Шапка”.  Покрај големиот паркинг, спроти полициска станица (P1) оваа сезона се пуштени во целосна употреба и два нови постоечки паркинзи (P2 и P3). Паркингот P2 е лоциран под х. Славија, a Паркингот P3 се наоѓа спроти х. Скардус. Истите се обележани со соодветна сигнализација и континуирано се одржуваат од службите на Ски-центарот.

Преземени се сите мерки за безбедно скијање со обезбедување на ски – патеките, но и со почитување на здравствените протоколи. За првпат оваа сезона во функција е Info&SOS бесплатен телефонски број, на кој посетителите, во секое време можат да добијат сервисни информации или да побараат помош доколку се најдат во неволја. Во целиот Ски – центар, на соодветни места поставени се информации за Правилата и забраните за скијање и однесување на ски – патеките заради безбедност на самите скијачи. Билетарите, вкупно пет, се видно обележани и се поставени на соодветно место со цел да се избегнат големите гужви што беа честа глетка изминатите скијачки сезони. Исто така, заштитени и обележани се местата за најмалите санкачи во Ски – центарот.

За оваа скијачка сезона во функција се: Шестоседата жичница, Ски – лифтот „Ајдучка рамнина 1“ – ГЕ, Ски – лифтот „Бабин Извор“ – Аеродром, Ски – лифтот „Поток 1“ – Тететкс, Ски – лифтот „Поток 2“ – Тететкс, Двоседа жичница „Св. Илија“, Двоседа жичница „Син врв“ – Церипашина. Во текот на сезоната ќе биде ставен во функција и ски – лифтот „Ајдучка рамнина 2“ – ГЕ.