Отворање нови видици

48

pat

Фото: Pexels

Колку пати до сега ви се случило да се почувствувате заглавени во секојдневието, рутински да ги завршувате секојдневните домашни и работни задачи и да рефлектирате дека деновите кои изминуваат се исти? Сигурно безброј, а дел од вас и во истиов миг се чувствуваат така.

Навикнати сме на нашите рутински работи и многу ретко сакаме да излеземе од нашата конфорна зона да пробаме нешто ново и различно. Обично тие работи им ги препишуваме на „авантуристите“. Но, во секој од нас длабоко со крие некој малку пожив, пооткачен, поразличен… само треба да се најде правилниот клуч за да излезе таа карактеристика на површина.

Морате да истражувате што ви одговара ново и различно, за да ја прекинете рутината и да се почуствувате повторни „живи“. А на тој начин ќе откриете нешто ново за вас самите и ќе се подобрите. Животот започнува кога ќе излезете од зоната во која сте навикнати да функционирате.

Постојат неколку начини како можете да отворите нови видици без оглед дали се работи за професионално работење или, пак, за приватни работи.

  • Посетувај обука или настан за вмрежување: Мислејќи дека сè знаеме од нашето тековно работење, ретко посетуваме обуки каде што може да слушнеме нешто ново. Денес во светот информациите и новостите се менуваат толку брзо што ако не се надградуваш ќе бидеш „old season“. А на настаните за вмрежување ќе запознаеш нови лица со кои во иднина ќе можеш да развиеш одредена врска, ќе дознаеш нови работи, ќе чуеш различни информации.
  • Истражувај на работа и преземај нови работни обврски: Никогаш нема да знаеш во што си добар додека не пробаш. Почни со тоа што ќе им помагаш на колегите во нови, за тебе работни задачи, а ти на тој начин ќе истражуваш и ќе учиш нови вештини.
  • Промена на работно место: Седејќи на исто место со години и имајќи ја истата перцепција е досадно. Сменете ги работните места со колегата, преуреди го бирото, донеси животинче за кое можеш да се грижиш, како риба или водна желка. Самата перспектива ќе ви отвори нови погледи кон работите.
  • Промена на работа: Велат дека 3 години е малку, а 5 е многу за да бидеш на една работа позиција. Јас искрено некогаш мислам дека сум сменила многу работни места – 6 работни места за 10 години. Но, само така научив што сакам, што ми одговара, запознав многу луѓе од кои многу научив, а дел од нив ми се пријатели до ден денешен.
  • Лични промени (коса, облека, накит...): Најтешко ни е да направиме промена на самите себеси. Но, тоа се всушност најлесните промени за корекција доколку не ни се допаѓаат. Уште денес пробајте со промена на фризура, боја на коса, облека, накит, брада/мустаќи… и видете како ќе ви се допадне вам и на другите.
  • Пробувајте различни јадења: Преку сетилата ни се отвораат нови видици. Уште еден особено лесен начин да се започне со нешто ново – пробуваш, ти се допаѓа или не. На тој начин ќе ја срушиш бариерата да излезеш од удобната зона и да направиш нешто различно.
  • Почни да се занимаваш со ново хоби или спорт: Креативноста поттикнува наоѓање различни начини на размислување и можност да се излезе од секојдневието. Најдете што ве исполнува и ве размрдува: дали е сликање, читање книга, правење накит, чепкање по технологија… Исто така, ако почнете активно да се занимавате со спорт, не само што правите добро за вашето здравје и изглед, туку и за умот, за расположението и начинот на размислување.
  • Слушај некој кој се разбира повеќе во работата или има повеќе искуство: Некои работи во животот ги учиме на потешкиот начин, а зошто да биде секогаш така. Консултирај се, прашајте, послушајте некој кој веќе поминал низ одредена работа и ќе ти даде совет како да излезеш од матрицата во која си заглавен.

Поставети си цели коишто сакате да ги направите оваа година, следните 6 месеци и пробувајте различни начини како да стигнете до целта. Не сте и онака на целта, па нема што да изгубите, можете само да добиете. Човекот се подобрува онолку колку што му се отвораат нови видици и се шират хоризонтите.

Со успех во промените.