Отворен Интер мол во oпштина Илинден

298

Во Скопската oпштина Илинден е пуштен во употреба нов објект Интер мол. Зданието се простира на површина од 14.000 метри квадратни и во него се инвестирани пет милиони евра.

Продажниот салон располага со широка палета на производи од санитарија, керамика, градежна столарија, бела техника и музички инструменти.

Како што соопштија од општината Илинден, покрај големиот избор на производи за домаќинството и пристапните цени, Интер мол отвори и нови работни места.