Отворен најголемиот онлајн саем за вработување: Над 500 отворени позиции во 80 компании од Македонија и регионот

121

Вечерва точно на полноќ започна најголемиот регионален онлајн саем за вработување, отворени се над 500 слободни места во преку 80 компании од Македонија и регионот.

Од денеска до 14-ти октомври, сите посетители на саемот на веб страната https://regionalensaemzavrabotuvanje.com ќе можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места во над 80 компании од Македонија и регионот.

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнери од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi.Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина, а од оваа година и Deloglasnik – Словенија.

Предности на саемот

Саемот трае осум дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет врска. За разлика од физичкиот саем, кој трае само еден ден и бара доаѓање на одредена локација, нашиот саем може да го посетите од било кое место на планетава, кога и да ви одговара.

На виртуелните штандови и годинава има престижни компании кои бараат вработени и со кои може да остварите директна комуникација или да направите онлајн интервју.

На штандовите на работодавците, покрај огласи за вработување, можете да пронајдете информации за компанијата, искуствата на вработените и галерија со фотографии и видеа од идното работно опкружување.

На сите посетители на саемот кои се во потрага по нов професионален предизвик им порачуваме да ги подготват, односно ажурираат своите CV-а, мотивациски писма и профилите кои веќе ги имаат на Vrabotuvanje.com и да дојдат на саемот.

Спектарот на огласи што можете да ги пронајдете на саемот е навистина широк: од можност за градење на кариера во најпрестижните македонски и странски компании до шанса да си го промените животот преку работно место во некоја од земјите од регионот.

Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Фото: Vrabotuvanje.com.mk