Отворен првиот интегрален хотел во Хрватска

23

zigzag

Во Загреб вчера беше отворен првиот интегрален хотел ZigZag. Интегрален хотел е нова категорија на хотелско сместување, што заедно со категоријата дифузен хотел ги воведе министерството за туризам, за да се унапреди системот на приватно сместување.

Првиот интегрален хотел се состои од девет луксузно уредени апартмани и пет соби во центарот на Загреб, со заедничка рецепција во Петрињска улица. Сите апартмани се наоѓаат во стариот дел на Долниот град, а полниот капацитет е 70 лежаи.

Категоризација за интегрален хотел можат да добијат капацитети во градски средини, додека за дифузен хотел, апартманите и собите мораат да бидат сместени во стари градски јадра. Интегралниот хотел може да се состои од три и повеќе објекти во една населба, претходно категоризирани, а мораат да имаат заеднички приемен хол со рецепција, заедничка просторија за престој и други угостителско туристички содржини. Сместувачките единици можат да бидат соби, апартмани, студио апартмани и куќи за одмор.

Првиот дифузен хотел беше отворен пред десетина дена кај Задар.