Отворен првиот терминал за Airbus А380

12

EmiratesA380На меѓународниот аеродром во Дубаи, најголемиот аеродром на Блискиот Исток, отворен е првиот терминал на светот специјално направен за супер-џамбо авиони Airbus А380.

Новото крило од 11 ката има 528.000 метри квадратни, а неговата изградба чинеше три милијарди долари.

Авиокомпaнијата Emirates Airlines соопшти дека новиот терминал овозможува брзо сместување на патниците во авионот. Полниот капацитет на терминалот ќе биде 15 милиони патници годишно.

Првиот лет од овој терминал ќе биде за лондонски Хитроу.

Низ Аеродром Дубаи во 2012 година минале 57 милиони патници, со што овој аеродром е најпрометниот на Блискиот исток и четврти во светот. Кога терминалот ќе биде целосно оперативен, се очекува капацитетот на аеродромот да стигне до 75 милиони патници годишно.

Авиокомпанијата Emirates Airlines има најголема флота на А380 авиони на светот, на 21 линија.