Отворен пункт за донации за бездомници во Скопје Сити Мол

28

unnamed

Во текот на викендот граѓаните ќе можат да донираат помош за бездомниците во Скопје на пунктот на Мрдни со Прст којшто е поставен во Скопје Сити Мол. Пунктот, поставен до влезот на New Yorker, на кој ќе може да се донираат ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства, е отворен од петок 13.01, до недела, 15.01, секој ден од 11:00 до 20:00 часот. Донациите ќе бидат доставени до Социјалниот центар Дуња којшто обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури што ја зафатија нашата држава, стои во соопштението.

Кампањата Мрдни со прст има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. Тука спаѓа и помош и на бездомниците, бидејќи нашата помош во овие моменти им е неопходна. Во рамки на кампањата може да помогнете и со лоцирање на бездомник и негово пријавување на страната на Мрдни со прст: http://mrdnisoprst.mk/ или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst. Врз основа на пријавите волонтерите од Социјалниот центар Дуња ќе реагираат и ќе помогнат во згрижувањето на секое пријавено бездомно лице. Истовремено, се повикуваат сите кои сакаат да помогнат со приготвување на топол оброк за бездомниците истиот да го достават во социјалниот центар. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет).