Отворен технолошки парк во Загреб каде ќе работат над 110 стартапи

15

start-ap-pixabay

Фото: Startup Stock photos / Pixabay

Хрватската престолнина доби технолошки парк, којшто е наменет за развој и поттикнување на стартапи и претприемништво, пишува Пословни дневник.

Технолошкиот парк, чија вредност е околу два милиони евра, е на површина од 7.313 метри квадратни и во него ќе работат околу 110 старт – ап компании со околу 350 вработени. Наменет е за развој на старт – ап сцената, креирање на иновативни и високотехнолошки решенија.

Просторот е конципиран во 118 посебни модуларни работни единици, со сали за состаноци, заеднички простории и лаборатории, центар за компјутерска форензика и слично.