Отворена бесплатна линија за пријавување корупција

59

KorupcijaСо отворањето на бесплатната анонимна телефонска линија 0800-50030, граѓаните од денес ќе можат да пријават мито и корупција во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Се работи за реализација на проектот Пријави корупција, чија цел е навремено и целосно исклучување на можноста од појава на корупција и спречување на ризиците од оваа несакана појава во институциите кои уживаат најголема доверба во Република Македонија, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Исто така граѓаните ќе можат да поднесат пријава и на веб-страницата на Министерството, www.morm.gov.mk (анонимно, преку пополнување електронски формулар) или, пак, преку е-пошта на: prijavikorupcija@morm.gov.mk.

“Процесите за интеграција на Република Македонија во евроатлантските структури и бескомпромисната борба против корупцијата се едни од најважните стратешки цели на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година”, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.